Заев: Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој на нашата земја

Дозволете, денеска, од име на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам најискрени честитки по повод 28 септември, посакувајќи да ни траат, заедништвото, почитта и единството, зашто само така можеме да изградиме перспективна иднина за нас и за нашите деца, срои во честитката на премиерот Заев.

77

Владата, заедно со сите граѓани посветено го гради и унапредува концептот за развој на едно, еднакво и праведно општество и интеркултурен дијалог, како заедничко богатство, со здружена определба за почитување, толеранција и унапредување на етничките и културните разноликости, напиша премиерот Зоран Заев во честитката  по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја, која ги почитува европските и евроатлантските вредности, како темелен принцип за изградба на современа демократска држава.
Дозволете, денеска, од име на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам најискрени честитки по повод 28 септември, посакувајќи да ни траат, заедништвото, почитта и единството, зашто само така можеме да изградиме перспективна иднина за нас и за нашите деца“ – напиша Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...