АМСМ ги информира возачите кои ќе го користат државниот пат А3, делница Битола – Меџитлија, дека в понеделник, од 12 до 16 часот, ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта.
Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на делница.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.