Професорот и поранешен директор на Фондацијата Отворено општество, Владимир Милчин на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека правдата изгледа не живее во Македонија и тој не верува дека може да се направи толкава операција, а да не е замешана политиката.
-Тоа што го видов од Меѓународниот сојуз беше во расчекор – вели Милчин.
Тој вели дека е многу чудно и пуштање во домашен притвор на обвинет од случајот „Рекет“.
– Мислам дека сево ова ќе излезе на површина, не сме ние толку голема земја да има вечни тајни, може нема да биде утре, но прашалниците остануваат. Мислам дека во Македонија доминира разочарувањето, напишав дека надежта е во колапс, но денес мислам дека надежта е мртва – вели Милчин.
Тој зборуваше и за тоа дека се поприсутно е заминување на граѓаните надвор од Македонија што е многу страшно. Во однос на Јавното Специјално обвинителство можеби вистинското прашање е како Катица Јанева стана Специјален обвинител, прашува Владимир Милчин.
– Кај нас има дистрибуција на одговорност кога моќните ќе бидат фатени во нешто незаконито, неморално и неодговорно, лично јас не сум учествувал во изборот на Катица Јанева и не сум одговорен за тоа. Сигнали за нејзината недоволна компетентност морало да постојат. Вели дека се работело за големи пари и еден од проблемите е недоволната транспарентност – вели професорот.
Милчин исто така истакна дека не го гледа оправдано постоењето на СЈО очигледно таму многу работи биле почнати и не биле завршени, зошто не биле завршени предметите и дали е тоа заради политички математики и лична корист, праша професорот.