Британка убиена од сопствените кучиња ВИДЕО

1789

Елејн Стенли, мајка на три деца, починала откако во сопствениот дом ја нападнале нејзините кучиња. Соседите слушнале морничави крици, влегле во домот и ја пронашле Елејн тешко повредена. И немало спас, починала во својата дневна соба каде и ја нападнале кучињата. Нејзините деца, 22-годишната ќерка и 12-годишните близначки не биле дома кога се случил нападот.

– Едвај успеав да ги отргнам кучињата од неа, беа огромни и не сакаа да ја пуштат. Дури откако почнав да фрлам со цигли по нив, се тргнаа и побегнаа во дворот. Тогаш со уште еден сосед се обидов со пешкири да го спречам крварењето и да и дадам вештачко дишење додека да дојде Брза помош. За жал, не преживеа – раскажал еден сосед, додека друг рекол дека видел како кучињата ја влечеле несреќната жена на сите страни додека таа врескала на цел глас.

Кучињата ги нападнале и полицајците кога стигнале на место на стравичниот настан. Едното од кучињата е застрелано со два куршума, а другото некако успеале да го смират и да го стават во безбедносен кафез.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...