Месиќ по вторпат ја тужи Хрватска пред Судот за човекови права во Стразбур

1036

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ покрена втор случај против Хрватска во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Станува збор за случај од 2011 година, кога во општинскиот граѓански суд во Загреб. Месиќ беше прогласен за виновен за клевета на францускиот адвокат Иван Јурашиновиќ.  Јурашиновиќ чекал на Месиќ да му престане претседателскиот имунитет, по што поднел тужба во која барал и добил отштета во висина од 70.000 куни. Месиќ исто така мораше да плати пет и пол илјади куни судски трошоци. (1куна=0,13 евра)

Судијата Никола Рагуж досуди отштета за изјавата на Месиќ дадена во 2006 година, кога јавно му рече на Јурашиновиќ дека е најдобро да го посети Врапче (психијатриска клиника), бидејќи тие би можеле да им обезбедат на таквите луѓе ефективна помош. – Тоа е одлична можност, нема да чини многу, а нашите лекари се познати по нивната ефикасност, рече Месиќ во тоа време. Францускиот адвокат, меѓутоа, за време на постапките изјави дека изјавата на Месиќ го навредува затоа што Врапче е психијатриска болница, дека сериозно му го нарушил угледот во Франција и го карактеризирал како луд адвокат.

Изјавата на Месиќ била одговор на кривичната пријава против Марко Николиќ поради обид за убиство. Во пријавата се посочува дека Месиќ е „своевиден политички патрон на нарачателите на убиството на Хрвоје Петрач“.

Месиќ, во тужбата до Европскиот суд за човекови права тврди дека неговата пресуда го нарушува правото на слобода на изразување загарантирано со член 10 од Конвенцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...