Тренерот на Надал го прогласи најдобриот натпревар во неговата кариера

733
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Франциско Ројг, тренерот на Рафаел Надал, зборуваше за соработката со шпанскиот тенисер и кажа кој меч му оставил најголем впечаток.

– Не очекував дека нашата соработка ќе трае толку долго. Со текот на годините, Рафаел сфати дека треба пократко да игра. Ако сега играше во ист стил како порано, тој немаше да покажува вакви резултати. Неговата најдобра, најемотивна победа се случи на Вимблдон 2008 над Роџер Федерер – изјави Ројг.

Тренерот се сеќава и на „најболниот“ пораз на Шпанецот. Тој, според Ројг, се случи во финалето на Австралија опен 2014 година од швајцарскиот тенисер Стан Вавринка.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...