НВО: Итно да се формира Комисијата за заштита од дискриминација!

59

Собранието итно да ја формира независната Комисија за заштита од дискриминација, како клучен елемент за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, политичките партии да се воздржат од партиски игри при изборот на членовите кои треба да имаат интегритет, а изборот на членовите да ја отсликува во суштина разноликоста на општеството во целина, повикаа учесниците на денешната јавна дебата „Што по усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација? Предизвици во спроведувањето на ЗСЗД“ во организација на Мрежа за заштита од дискриминација.

Изборот на членовите на Комисијата е ставена како точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, чие одржување дебеска беше одложено, како последица на што може да се создаде правен вакуум бидејќи ќе истече рокот за постапување по веќе поднесените претставки од страна на граѓаните за дискриминација по разни основи.

Мрежата ќе се залага за усогласување на останатите закони, со Законот за спречување и заштита од дискриминација, а фокусот ќе биде ставен на законите за парнична постпака и за средно образование.

Драгана Дрндаревска, правна советничка од „Коалиција Маргини“ посочи дека во изминатите два месеци се повеќе е присутен говор на омраза во медиумите, особено со притворот на Борјан Јовановски – Боки 13 и изборот на новата министерката за финансии.

Росана Богатинова, проектна координаторка од „Хера“, се осврна на постапката за избор на членовите на Комисијата при што потенцира дека има пропусти уште при објавувањето на самиот оглас и во однос на почитувањето на законскиот рок, на објавувањето на јазиците согласно Законот, како и во начинот на објавувањето.

– Имаме ситуација кога повеќе од еден месец немаме тело за еднаквост во државата. Крајниот рок за формирање на Комисијата беше 22.август, а мандатот на претходниот состав истече – информира таа.

Александра Цветановска, проект менаџер од „Македонското здружение на млади правници“ говорејќи за ефектите од ненавремениот избор на членовите на Комисијата нагласи дека се примаат претставките кои ги поднесуваат граѓаните на државата, додека рокот во кој Комисијата треба да постапува по нив е 30 дена. Учесниците на јавната дебата се прашуваат кој ги прима претставките од граѓаните, кога Комисијата не е формирана и уште помалку да постапува.

– Луѓето ја губат правната сигурнсот во ова тело. Имаме рапиден раст во 2018 година на поднесени претставки до Комисијата за заштита од дискриминација. Во 2018 година се поднесени 132 претставки, за ралика од 2017 година кога беа поднесени 59 претставки – информира таа.

На денешната дебата беше констатирано дека иако постои политичка волја, прашањето не се третира доволно сериозно, а во демократска држава каква што сакаме да бидеме прашањето за недискриминација мора да биде приоритет, особено во пресрет на очеквуањата за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...