Италијанската актерка има 54 години и сè уште го привлекува вниманието на сите, каде и да се појави. Истото се случи и на модната недела во Милано пред неколку дена, за време на ревијата на „Долче и Габана“ во Милано.
Италијанската убавица Моника Белучи, ја изненади јавноста со својот стајлинг, а особено со новата фризура. Најубавата жена на светот, како што ја нарекуваат, се појави на модната ревија на „Долче и Габана“, со нова фризура – драстично ја скратила косата, која беше своевиден заштитен знак на актерката.
Во тек е Модната недела во Париз, а Моника е една од главните ѕвезди на оваа модна манифестација. Италијанската актерка се појави и на ревијата на модниот бренд „Диор“, каде што сите очи биле вперени во неа, односно во нејзината нова, досега невидена фрузира.
FOTO: Instagram/Printskrin