Медиумите во Грција го пренесуваат опширниот текст на грчката новинска агенција АНА-МПА под наслов „Зелено светло од Бундестагот за почеток на пристапни преговори со Албанија и С.Македонија“.
„Зелено светло на германската влада да се согласи со почеток на пристапни преговори на Европската унија со Албанија и Северна Македонија, со широко мнозинство, даде доцна вечерта во четвртокот федералниот Парламент, гласајќи за заедничкиот предлог доставен од пратеничките групи на владината коалиција. И во двата случаја беше потенцирано дека не станува збор за интеграција на земјите, туку за почеток на долг процес, кој веројатно ќе доведе до интеграција“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот на текстот.
Во продолжение детално се пренесени ставовите на германските партии за време на расправата, како и резултатот од гласањето.