Предупредувања за бебиња во јапонски авиони, јавноста поделена

Најмалку уште една јапонска авиокомпанија го прави истото. „All Nippon Airways“ (АНА), каде портпаролката кажа дека мапата со седишта предвидени за деца, веќе некое време се употребува.

265
ФОТО: Метро

„Јапонија ерлајнс“ им покажува на патниците мапа со седишта, на која има посочено каде ќе седат деца под две години, пренесува „Метро“.

Ова не е ништо ново, но на социјалните мрежи коментарите се поделени.

– Ви благодарам поради тоа што ме предупредивте каде бебиња планираат да врескаат за време на летот кој трае 13 часа. Ова би требало да биде задолжително – напиша Рахат Ахмед.

Најмалку уште една јапонска авиокомпанија го прави истото. „All Nippon Airways“ (АНА), каде портпаролката кажа дека мапата со седишта предвидени за деца, веќе некое време се употребува.

„Супер. Но, уште колку време до тоа да ни наплатат повеќе за седишта подалеку од бебиња?“, прашува лице на социјалните мрежи.

„Наместо тоа, зошто не се дадат слушалки кои ќе ја спречат вревата на бебињата да допре до нас?“.

А други пак, сметаат дека бебињата не се единствените кои прават проблеми.

„Може ли да го искористиме истиот принцип и за да се избегнат лица кои јадат премногу гласно?“, прашува твитерџија.

„А да има мапи и за незгодни патници кои пијат премногу, ги соблекуваат чевлите, ми лежат во скутот…“.

Ахмед напиша и дека денес пристигнал во Њујорк.

– Иронично, одлучив да седам до неколку бебиња додека летав. Некои беа супер, други беа гласни. Се случува. Има возрасни луѓе кои се полоши – твитна тој.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...