Независните од ВМРО-ДПМНЕ до Герберих: Ви благодариме за поддршката до нас кога некои политичари намерно манипулираа

498

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ со телеграма му се заблагодари на германскиот амбасадор Томас Герберих за позитивната одлука на Бундестагот за конечно отпочнување на преговорите со ЕУ.

– Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, упатува јавна порака и до Вас, порака која ја уважува Вашата лична поддршка за унапредување на македонско германското пријателство. Посветеноста која ја покажавте во насока на развојот на демократијата е за поздравување.

Од наше име, за крај сакаме да Ви се заблагодариме за поддршката која ни ја дадовте нам, во оние моменти кога некои политичари намерно манипулираа за исправноста на нашата одлука со својот глас да допринесеме да се придвижат процесите со конечно решавање на спорот со името кој Македонија го имаше со Грција. Денес, веќе се гледа позитивната промена на нашата реалност и се отвара можност Република Северна Македонија да ја добие својата шанса да покажеме дека навистина ќе допринесеме за европското семејство, вредно, посветено и чесно, пишува во телеграмата до Герберих.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...