Грција се согласува со ставот да нема раздвојување на европерспективата на Северна Македонија и Албанија

210
ФОТО: EPA / SIMELA PANTZARTZI

Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, во разговор со грчките новинари по средбата со американскиот архиепископ и приемот во конзулатот на Грција во Њујорк.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, Мицотакис пред новинарите говорел за повеќе теми, меѓу кои и за правото на глас на Грците кои живеат во странство, за земјата како инвестициска дестинација, за кипарското прашање, како и за средбите со Реџеп Таип Ердоган и со Зоран Заев и европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.

– Земјите од Европската унија ќе го оценат текот на двете држави од западен Балкан и соодветно ќе се одлучат следните чекори. Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување (decoupling) – им рекол Мицотакис на грчките новинари според АНА-МПА.

Грчката новинска агенција додава дека „Заев бара да постои различен третман бидејќи смета дека неговата земја ги исполнува сите предуслови, независно од тоа што ќе се случи со Албанија“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...