Словенија прв финалист на ЕП во одбојка

126
ФОТО: EPA / ANTONIO BAT

Словенечката одбојкарска репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство, откако синоќа во првото полуфинале ја совлада Полска со 3-1.

Бодрени од околу 12 илјади бучни навивачи во „Стожице“ во Љубљана, Словенија успеа да го победи актуелниот светски првак добивајќи го првиот и четвртиот сет со 25:23, а третиот со 25:22. Полските одбојкари беа поуспешни во вториот сет со 26:24.

Вториот финалист ќе биде познат вечерва по соочувањето на Србија и Франција. Овој дуел ќе почне во 21 часот во Париз.

Во француската престолнина ќе се играат и дуелите за медалите. Најпрво утре (почеток 18 часот) Полска ќе игра со поразениот од вечерашниот меч за бронзата, додека дуелот за трофејот и златните медали е закажан за в недела (17:30).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...