Карпош додели стипендии за талентирани спортисти – основци

58

Вкупно  14 ученици апликанти од основните училишта во Карпош, осмо и деветтоодделенци, добија спортски стипендии за учебната 2019/2020 година.  Филип  Дочиноски ( 9-то одд.), од „ Христијан Тодоровски Карпош“ во кошарка  доби стипендија од 3.000 денари, како и  осмоодделенецот-кошаркар Карло Димевски од ООУ „ Владо Тасевски“  ја доби истата сума.  Осмоодделенците од „Владо Тасевски “ Марио Џон и Никола Шашков, како и осмоодделенецот Петар Цонковски од „ Војдан Чернодрински“, во  спортската категорија бадминтон исто така се стипендирани со по 3.000 денари, информира Општина Карпош.

Пливачките  Калина Стојановска (9-то одд) и Јана Милковска ( 8 одд), од „ Димо Хаџи Димов, како и Коста Серафимовски од приватно училиште се  стипендирани основци-карпошани со по 3.000 денари месечна стипендија.

Одбојкарката  Фани Поповски (9 одд), од „ Владо Тасевски“, фудбалерот Андреј Данчевски (8 одд) од „ Лазо Трповски“, како и атлетичарката Снежана Туневска од „Јан Амос Коменски“, добија стипендија по 3.000 денари.

Стипендирани со по 2.000 денари месечен износ се деветтоодделенките Теона и Леона Топаловска од ООУ „Лазо Трповски“ во спортската категорија борење.

Општината најавува дека наскоро  ќе распише и огласот за талентирани ученици од територијата на Општина Карпош. Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат согласно претходно утврдените критериуми за јавување на овој конкурс.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...