Иако летово мегапопуларниот Бред Пит медиумите повеќепати го поврзуваа со убавата колешка од Јужна Африка Шарлиз Терон, холивудската ѕвезда конечно одлучила да се смири покрај жена која не е актерка, според таблоидот „ЈуЕс Викли“.
„Дејли мејл“ пишува дека Бред Пит веќе три години има приватна комуникација со Американката Сат Хари Калса. Бред ја запознал Сат Хари кој долго време живеела во Индија, лани, но романсата ја започнале пред три месеци.
Новата жена во животот на Бред е дизајнерка на накит и духовен учител, односно гури, Сат Хари има 44 години.
Природната Сат Хари дури била забележана и на премиерата на последниот филм на Бред „Ад Астра“, но свечената церемонија ја напуштила сама, не сакајќи да го предизвика вниманието на медиумите на нивната врска.
„ЈуЕс Викли“ пишува дека новата љубовна врска започнала по раскинувањето на емотивната врска со холивудската убавица Шарлиз Терон.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм
ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON