Во кругот на индустриска зона во Струмица вчера комбе „мерцедес спринтер“ со прилепски таблички, управувано од Р.А.(40) од Прилеп, удрило во пешакот Н.Д. (69) од Струмица.
Од здобиените повреди Н.Д. починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.