Момче од САД обвинето за убиство на бебиња, сакало „да ги ослободи од пеколот“

Според некои информации, малолетникот на полицијата и кажал дека „ги спасил“ мртвите деца од „пеколот и ланците со оган“. Запрашан што подразбира под зборот пекол, тој одговорил со „рутина“. 

284
ФОТО: Фокс59 / Метро

Момче е обвинето дека ги задушило полубратот и полусестрата кога имало 13 години. Николас Џејмс Кедровиц, кој сега има 15 години, е обвинет за смртта на 23-месечната Дезајр МекКартни и 11-месечниот Натаниел Ритз. Судењето се очекува да започне во февруари 2020 година, пренесува „Метро“.

Тројца од петмина доктори кои го прегледале, велат дека Кедровиц може да поднесе судење.

Во мај 2017, неговиот татко, Стивен Риц, побарал од Кедровиц да ја чува малата Дезајр во нивниот дом во Индијана. Кедровиц тогаш му кажал на Риц дека девојче престанало да дише.

Мајката, Кристина МекКартни, се обидела да ја спаси, меѓутоа девојчето е прогласено за мртво пет дена подоцна. Аутопсијата не можела да открие како дошло до смртта.

Потоа, во јули 2017 година, Натаниел починал откако МекКартни го замолила Кедровиц да го однесе на спиење.

„Нешто не е во ред“, „Натаниел не мрда“, наводно, биле зборовите на Кедровиц.

Аутопсијата не успеала да ја открие причината за смртта ни за Натаниел.

Месец подоцна, мајката пријавила инцидент поврзан со нејзиниот син и маче. Според нејзините зборови, тој за малку ќе го убиел мачето.

Вујкото и вујната на Кедровиц одлучиле да го убијат мачето, за да му ги скратат маките. Кедровиц наводно прашал дали може да отиде со нив и да „види како мозокот на мачето е распрскан насекаде“.

Кедровиц, мајката и вујната биле психоанализирани, по што во октомври истата година било кажано дека се верува оти малолетникот ги убил двете деца.

Наводно, тој зборувал за тоа да ги „ослободи децата од Сатаната и пеколот“, а зборувал и за „големи ножеви и оган“. Според некои информации, малолетникот на полицијата и кажал дека „ги спасил“ мртвите деца од „пеколот и ланците со оган“. Запрашан што подразбира под зборот пекол, тој одговорил со „рутина“.

Неофицијално, Кедровиц признал дека ставил ќебе врз Натаниел, а за да ја убие Дезајр искористил крпа.

Според аутопсиите објавени во јануари 2018, починатите Натаниел и Дезајр се сметаат за убиени.

ФОТО: Фокс59 / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...