Колинда Грабар – Китаровиќ се „стопи“: Јаде риба и пилешки гради ФОТО

Колинда има идеални мерки, 110-67-96 (гради-половина-колкови), но се чини дека во последно време изгубила уште неколку килограми.

4519

Хрватската претседателка ужува во Њујорк, каде што престојува последните денови по повод Генералното собрание на Обединетите нации.

Во креацијата на модниот бренд „Duchess“ на Снежана Мехун, Колинда Грабар-Китаровиќ (51) покажала значително потенка фигура, пишува „24сата.хр“.

Колинда има идеални мерки, 110-67-96 (гради-половина-колкови), но се чини дека во последно време изгубила уште неколку килограми. Хрватската претседателка ја преферира „липосукциската“ диета, чиј автор е Кенан Мандра.

– Станува збор за исхрана која првенствено се темели на зголемен внес на здрави масти и протеини. Всушност, станува збор за лесна медитеранска кујна – риба и пилешки гради со маслиново масло како и со обилни прилози од зеленчук и салата – открила Колинда лани во интервјуто за магазинот „Глорија“.

Освен што внимава на исхраната, хрватската претседателка вежба веќе извесно време. Покрај вежбањето го вклучила и трчањето како аеробна активност која одлично ги троши масните наслаги.

FOTO: 24sata.hr/Ured predsjednice RH

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...