Германскиот Бундестаг денес, покрај тоа што ќе се согласи да постави датум за почеток на пристапните преговори со Македонија, ќе донесе и услов за германската влада, која ќе се обврзе да ги следи преговорите и реформите во Скопје, пишува телевизијата Алсат повикувајќи се на документ до кој дошле.
Според документот кој го обајви телевизијата, Бундестагот ја повикува сојузната влада де ги следи реформите во Македонија.
– Да се осигура дека рамката на преговорите ќе се обликува така што ќе обезбеди конзистентно продолжување на реформскиот курс и, пред сѐ, спроведување на договорените реформи од страна на СМ. Отворањето и затворањето на одделни поглавја на преговори мора да зависат од јасни критериуми.
– Да се разјасни, дека СМ ќе мора да продолжи да вложува значителни дополнителни напори за исполнување на критериумите за пристапување, особено во областите на владеењето на правото, вклучително основните права и ефикасноста на Специјалното обвинителство, исто така, и под нова организациска поставеност. Борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучително и создавање на солиден резултат како и за перење на пари и финансиски криминал, како и зајакнување на институциите и промовирање на човековите права.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА