Русинче не смее да влезе во градинка оти со изгледот „ги плаши другите деца“

440
ФОТО: ЦЕН / Метро

Русинка откри дека и било кажано оти нејзината ќерка не може да оди во градинка бидејќи можно е да ги исплаши другите деца, пренесува „Метро“.

Двегодишната Софија Захарова е родена со деформиран череп, а на нејзините родители им било кажано дека таа би требало да направи операција пред да аплицираат за друго место.

Операции за девојчето биле одложени и експерти предупредиле дека ако не започне да се дружи со други деца, тоа ќе има влијание врз нејзиниот развој.

Прстите на нозете и на рацете на Софија биле споени. Засега не се знае поради што е тоа така.

Семејството тврди дека не земаат никакви бенефиции од државата за Софија.

Психологот Екатерина Белан вели:

– Што порано таа почне да се дружи со други, полесно ќе биде да се справи со нејзината состојба. Што повеќе време поминува со други лица, полесно ќе биде да се прифати самата.

ФОТО: ЦЕН / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...