Контроверзната Србинка од Холивуд сè уште го дои своето четиригодишно дете – српски педијатар на ова има коментар ФОТО

Контроверзната Србинка од Холивуд и порано објавуваше фотографии од доење и секојпат наидувала на остри коментари.

2527

Коко Ти Остин објавила фотографија од авион на која ја дои својата четиригодишна ќерка Никол Шанел. Контроверзната Србинка од Холивуд и порано објавуваше фотографии од доење и секојпат наидувала на остри коментари, бидејќи „за доење на „големи“ деца нема причина“, пишува „Курир.рс“.

Родителските методи на сопругата на раперот и актер Ајс Ти, Коко Остин Ти, често се на удар на критики – од нејзината одлука на девојчето да му стави дијамантски обетки, до облекување на брендирана и „непристојна“ облека, преголемо експонирање на детето во јавноста до доењето.

Дали Коко со одлуката да ја дои ќерката греши?

– Децата задолжително треба да се дојат до шест месеци, пожелно е доењето да трае до нивната прва годишна возраст, а потоа нема здравствено оправдување затоа што тоа не му носи никаква корист на детето – смета педијатарката Милица Котлајиќ која истакнува дека пречекорувањето на овие граници може да штети на детскиот психички развој, односно развојот на неговата самојстојност.

Точно е дека доењето многу ја зајакнува емотивната поврзаност на мајката и детето кое со ваквиот начин на исхрана му ја дава неопходната сигурност, но кога ќе се „претера“ може да се создаде преголема поврзаност на мајката со детето.

Коко Ти Остин и Ајс Ти од 2005 година се во брак. Пред бракот Коко била во брак со Мајк Вилијамс од 1999 до 2001 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...