Вил Смит загрижен за синот: Кожата му посиве, изгледа испиено ФОТО

Затоа, одлучиле да интервенираат, бидејќи нивниот син, како што велат, премногу ослабнал.

545

Актерот Вил Смит (50) и неговата сопруга Џејда (48), се загрижени за здравјето на нивниот син, Џејден Смит (21). Затоа, одлучиле да интервенираат, бидејќи нивниот син, како што велат, премногу ослабнал.

Двојката проговори за семејните детали во епизода на Фејсбук-емисијата „Red Table Talk“, која Џејда заедно ја води со ќерката Вилоу (18) и мајката Адриен Банфилд-Норис (65).

– Вил и јас имавме интервенција, бидејќи Џејден седа е веган. Сфативме дека не јаде доволно протеини. Многу ослабна, изгледа испиено – изјавила загрижената Џејда. Додала дека нивниот син е сведен на еден до два оброци дневно.

– Имаше подочници, кожата му посиве. Бевме многу нервозни – признал Вил.

Џејден не ги негирал зборовите на своите родители, објаснувајќи дека поради изгладнувањето се разболел пред настапот на Коачела и дека поради големиот стрес не можел ни да спие.

– Јас сум вегетаријанец, а се обидев да јадам и вегански оброци. Веган сум околу една недела, но главно јадам вегетаријанска храна последната година. Сепак, јадев само два оброка на ден, понекогаш дури и еден и мислев дека тоа ќе ми биде доволно – рекол Џејден.

За разлика од него, Вил признал дека има поинаков проблем со храната: премногу јаде. Актерот рекол дека јаде од здодевност и на тој начин ги таложи вишокот килограми, после што Џејда да истакнала дека исхраната е генерален проблем во нивниот дом.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...