Борис Џонсон ја повика опозицијата да му изгласа недоверба

379
ФОТО: EPA / JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT /

Британскиот премиер Борис Џонсон ги предизвика своите политички противници и ги повикува да достават предлог за гласање
недоверба на владата, јави британскиот весник „Индипендент“.

– Ако опозициските партии не веруваат на владата, тие ќе имаат шанса да го докажат тоа. Тие имаат право на предлог за гласање недовербана  владата и за тоа можеме да гласаме утре – изјави Џонсон во британскиот парламент, откако порано од планираното се врати во Лондон од Њујорк, каде присуствуваше на Генералното собрание на ОН.

– Или, ако некоја од другите партии, помалите партии, сака да преземе сличен потег, тие можат да го поднесат предлогот и ќе им дадеме шанса да гласаат. Дали тие ќе имаат храброст да дејствуваат? – праша Џонсон.

Тој ги обвини пратениците дека се противат на 17,4 милиони луѓе кои гласале Велика Британија да излезе од ЕУ.

– Ние нема да ги изневериме луѓето што не испратија овде – тоа е она што тие сакаат да го направиме, рече Џонсон, зборувајќи во името на Владата.

Џонсон вели дека опозициските партии „живеат во измислен свет“, кога бараат втор референдум. Џонсон оцени дека Британците не сакаат друг референдум, туку сакаат да се движат напред, да го остават Брегзит зад себе, фокусирајќи се на здравствениот систем, насилството и криминалот и намалувањето на трошоците за живот.

Зборувајќи за одлуката на Врховниот суд, кој вчера ја оцени како незаконска неговата одлука за прерогација на Парламентот,тој рече дека верува оти Судот „погрешно се произнесол за тоа, бидејќи во суштина станува збор за политичко прашање“.

Лидерот на опозицијата Џереми Корбин го повика премиерот, со оглед на пресудата на Врховниот суд дека постапил незаконски, веднаш да поднесе оставка

ФОТО: EPA / JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...