Тортевски: Јавното обвинителство веднаш да го викне Верушевски!

2011

Адвокатот Александар Тортевски смета дека Јавното обвинителство треба веднаш да го повика Зоран Верушевски, пишува МКД.Мк.

– Треба Верушевски да каже на кои снимени разговори мислел кога рекол дека се модифицирани и тоа треба сериозно да се провери. Обвинителството треба да го соочи со Лазаревски и со Костовски.

Доколку се утврди дека во претходната постапка, во предистрагата, Верушевски кажал нешто сосема спротивно, тогаш треба да му се покрене постапка за лажно сведочење – вели Тортевски и прашува зошто Верушевски досега молчел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...