Изградбата на аеродромот започна во 2014 година, чинеше 11,4 милијарди американски долари, а летовите од овој аеродром опфаќаат 112 дестинации во целиот свет.
Според најавата, аеродромот во „Дасинг“ до 2021 година ќе прими околу 45 милиони патници и 72 милиони патници годишно по 2025 година.
Терминалите на новиот аеродром се на површина еднаква на околу 100 фудбалски игралишта, а целиот комплекс се протега на над 47 квадратни километри.
Терминалот на аеродромот Дасинг е во форма на морска ѕвезда за да им овозможи на патниците од безбедносните проверки до најоддалечените гејтови да не одат повеќе од 600 метри, што е околу осум минути.
Новиот аеродром има четири писти и 268 места за паркирање авиони и е оддалечен 45 километри од Пекинг, или дваесет минути патување со брз воз.
Аеродромот Дасинг е отворен само неколку дена пред 1 октомври, кога Народна Република Кина ќе ја одбележи 70 години од постоењето.