МАН повикува утре на протести: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсења и  прогони

181

Под мотото „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсења и  прогони“ Македонската асоцијација на новинари утре повика на протест пред Основното јавно обвинителство и пред Судовите.

Од таму велат дека ваквата реакција следува по се поголемиот и силен политички притисок врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку правосудниот систем.

– МАН ги повикува своите членови утре во 11 часот да се придружат на мирниот протест кој ќе започне пред зградата на Основното јавно обвинителство на Кејот на Вардар, а потоа ќе продолжи кон судските палати. Истовремено, ги повикуваме сите новинари, медиумски работници, членови на невладини организации, како и сите граѓани да ја поддржат слободата на медиумите преку што помасовно присуство.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...