Снабдување со топлина „Балкан Енерџи“ ги повика граѓаните да се подготват пред почетокот на грејната сезона.
– Потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100- велат од БЕГ.
Од компанијата апелираат Управителите на зградите и Заедниците на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да си ги подмират сметките за електрична енергија за топлинска потстаница.
– Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне секој ден по 30.09.2019 година, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи – појаснуваат од БЕГ.
За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.