Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, на места пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Минималната температураа ќе се движи од 6 до 11, а максималната од 18 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд. Температурата од 9 до 23 степени.
До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Од петок ќе има намалување на облачноста и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.