Споственикот на поранешната телевизија А1, Велија Рамковски, преку видео објавено на канал на Јутјуб со неговото име и презиме, најави емисија за медиумите.
Насловот на видеото е: „Велија Рамковски за состојбата со медиумите и евроинтеграциските процеси на државата“, а во најавата пишува „четврток 20 часот“, но нема информации дали тоа ќе се емитува на Јутјуб или на некоја телевизија.
– Од 93-та година, од основањето на А1 па до денес, не можев да не размислувам за медиумите. Медиумите се едни од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава – вели Рамковски во своето обраќање.