Пласидо Доминго поради секс-скандалот повеќе нема да настапува во Метрополитен

Според „Ројтерс“, и славниот уметник и Метрополитен соопштија дека тој веќе нема да настапува во една од најголемите оперски куќи во светот.

288
ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Едно од најголемите оперски имиња во светот, Пласидо Доминго, повеќе нема да настапува во Метрополитен во Њујорк, по обвинувањата од неколку жени за наводно сексуално вознемирување.

Водечкиот светски тенор, требаше да настапи во Метрополитен во „Магбет“. како што пренесува „Ројтерс“, и славниот уметник и Метрополитен соопштија дека тој повеќе нема да настапува во една од најголемите оперски куќи во светот.

„Операта Метрополитен потврдува дека Пласидо Доминго се согласи веднаш да се повлече од сите идни претстави на Мет. Мет и господин Доминго се согласија дека тој треба да се повлече“, се наведува во соопштението на Операта.

Повеќе од 30 пејачи, танчари, музичари, наставници по пеење и други вработени во оперската куќа потврдија во последните неколку недели дека биле сведоци на неговото несоодветно однесување кон жените во последните три децении.

ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...