Популарниот актер Арнолд Шварценегер (71) со девојката Хедер Милиган (43) го посетил Октоберфест кој се одржува во Минхен, Германија.
Актерот и неговата 28 години помлада девојка се „уловени“ додека наздравувале, пиеле пиво и лудо се забавувале.
Популарниот терминатор ниту претесната кошула не го спречила на сцената да танцува рамо до рамо со гитаристот, па на музичарот, може да се каже, дека му го украл шоуто.
Шварценегер се одлучил за кошула и традиционална баварска носија – кожени бермуди, со кои ги воодушевил присутните.
Инаку, Шварценегер и Хедер беа во тајна врска, а една година подоцна, во 2014., заедно се појавија во родната Австрија на Шварценегер на скијачки натпревар.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.