Репрезентациите на Србија и на Франција ќе играат во второто полуфинале на Европското првенство во одбојка. Ова е епилогот по двaтa синоќешни четвртфинални мечa.
Французите во Нант на убедлив начин ја совладаа Италија со максимални 3-0, по сетови 25:16, 27:25 и 25:14.
Многу понеизвесно беше на средбата во Антверп каде Србите дури по пет сета ја совладаа Украина. До конечните 3-2 се дојде по 21:25, 25:23, 25:22, 19:25 и 15:9.
Во другото полуфинале се среќаваат Словенија и Полска.