Третоосомничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, исто како и првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, вчера во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција побара да направи увид во доказите, па потоа да го искористи правото да даде исказ. Второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец со „амин“ на ОЈО ќе биде пуштен во домашен притвор.
– Сега е добра. Таа пати од хронични болести и се наоѓа под голем стрес и притисок, што е веројатно нормално за секој човек на нејзино место – појасни Фрчкоска.
Вчера, по добиено позитивно мислење од Обвинителството, Судот ја замени мерката притвор со домашен притвор за второосминчениот Зоран Милевски-Кичеец.
Во Обвинителството ден пред Јанева на распит беше донесен првоосомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски. Тој беше во Обвинителството еден час, но не даде исказ пред обвинителите.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.
Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“ во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Сите тројца се наоѓаат во притвор.