Слика вредна шест милиони евра пронајдена во кујна на старица во Франција

949

Слика во вредност од шест милиони евра, изгубено ремек-дело на италијански сликар, била пронајдена во домот на една старица недалеку од Париз.

Како што јавува Би-би-си, сликата била закачена на ѕид во кујната во стан во францускиот град Компиње. Авторот на ова изгубено ремек-дело е италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе. Станува збор за сликата Christ Mocked, која е дел од серијата слики од крајот на 13 век.

Се верува дека сликата денес вреди шест милиони евра и дека толку ќе ја плати новиот сопственик на аукција во октомври.

Старицата мислела дека сликата е икона. Експертите велат дека нема сомнеж за нејзината автентичност. На сликата биле извршени тестови со помош на инфрацрвена светлина за да се бараат сличности со други дела на италијанскиот сликар.

„Сликата е насликана од истата рака“, рекол експертот Ерик Рукин.

Се верува дека сликата е дел од поголема сцена поделена на неколку панели, на кои е прикажан Исус Христос и неговото распнување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...