Во училиштата ќе се применува алатката „SELFIE“

290
ФОТО: Архива

Информација за вклучување на училишта во иницијативата за саморефлексија при користење на дигитална технологија во образовниот процес – употреба на алатката „SELFIE“ е усвоена денеска на седница на редовната седница на Владата.

Алатката веќе се употребува во 35 земји и е изработена од Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC).

Министерството за образование и наука треба да достави информација за процесот на пилотирање и планот за примена на национално ниво на „SELFIE“ алатката до крај на октомври  годинава.

На владината седница е усвоена и Информација за вклучување на Меѓународната организација на трудот и дополнување на Неморандумот за соработка за обезбедување ефикасна и координирана соработка во спроведување на заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во државава во периодот до 2021 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...