Двајца нападнале вработен во ЈП „Национални шуми“ – Гостивар

57
Фото: МВР

Вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Гостивар вчера бил физички нападнат од две лица.

– Во Полициската станица Гостивар вчера околу 16,45 часот биле лишени од слобода Е.Х.(21) од село Лакавица и М.Х.(51) поради физички напад врз И.К.(42) од село Здуње, гостиварско, вработен во Ј.П.„Национални шуми – Гостивар“. Според пријавеното, И.К., вршејќи контрола на атарот на Лакавица, забележал патничко моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х., а натоварено со огревни дрва без документи. Набрзо на местото дошол и М.Х. и по кратка вербална расправија, тој физички го нападнал И.К, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција и по целосно документирање на случајот против Е.Х и М.Х ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...