Иако ова масло го плаќате многу повеќе од сончогледовото на пример, може во продавница да добиете соино или некое друго поевтино масло. Како да го препознаете екстра-девственото маслиново масло.
Лажното маслиново масло содржи сомнителни супстанции и хлорофил што му даваат вкус и боја на маслиново масло иако се користат соино или други евтини масла.
Како да го препознаете екстра-девственото маслиново масло?
Тешко дека можете само по вкусот. Дури и експертите знаат да се збунат. Сепак, постојат два начини.
1. Чистото маслиново масло се згуснува кога е ладно. Во фрижидер би требало да стане матно и да се згусне. Кога се грее, повторно се враќа во течна состојба. Маслото што нема да се згусне во фрижидер не е чисто маслиново.
2. Освен тоа оригиналното масло е лесно запаливо.
Каде да купите екстра-девствено маслиново масло?
Најдобро е да го купите кај локален произведувач што го познавате. Следен најдобар начин е да пронајдете фирма чии производи имаат сертификат дека маслото е чисто и органско. Цената не е сигурен показател.
Екстра-девственото маслиново масло содржи најмногу 0,8 грама слободни масни киселини, изразени како олеинска киселина на 100 грама производ. Тоа е најбогато со ароматични и биолошки вредни супстанции.