Анџелина бесна на Бред: Не сакам децата да бидат во близина на Канје и Ким!

Анџелина (44), наводно, е загрозена од политичките ставови на семејството и нивниот начин на живот.

1357

Актерот се врати на филмовите по неговиот развод, а се чини дека тој има и некои нови методи за пронаоѓање душевен мир. Пит (55) неодамна се придружи на алтернативната црква што ја покрена раперот и продуцент Канје Вест (42), што Анџелина Џоли не може да го поднесе.

– Бред во последно време се дружи со сестрите Кардашијан и Канје, а Анџелина не сака нејзините деца да бидат во нивна близина. Таа му даде ултиматум да мора да избира помеѓу сопствените деца или ријалити ѕвездите – изјави извор близок до семејството за магазинот „Радар онлајн“.

Анџелина (44), наводно, е загрозена од политичките ставови на семејството и нивниот начин на живот и е подготвена дополнително да му го загорчи животот на поранешниот сопруг и неговиот однос со децата, кој веќе е „на тенок мраз“.

Не помагаат ни инсинуациите дека Канје веќе има нов план за неговиот нов пријател од црквата – Бред да го спои со Клои Кардашијан (35), сега кога и двајцата излегоа од пропаднати бракови.

Актерот им се придружи на членовите на семејството Кардашијан во црквата Канје во Калифорнија, а неговото појавување меѓу собирот предизвика изненадување. Меѓутоа, Бред бил добро расположен и по церемонијата разговарал со Канје. Бред Пит се чини дека нема намера да се откаже од своите нови пријатели.

– Ми се допаѓа што постојат луѓе како Канје на светот, тој е различен. Се чувствувам како да дојде и го наруши постоечкиот распоред. Не можеме да се преправаме дека неговата музика не постои и дека нема влијание – рекол неодамна актерот, кој има шест деца со Анџелина, но врската со нив е сè полоша по разводот со Џоли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...