Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд донесе решение и ја укина мерката притвор за Зоран Милески – Кичеец како осомничен во „Рекет“. Со решението, таа мерка се укинува и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор.
Барањето за Кичеец одбраната го поднесе на 19 септември, тоа било пратено до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму дале позитивно мислење, по што судијата донел одлука за поблага мерка.
Инаку, во случај кога обвинителот дава позитивно мислење, судијата не е во можност да даде построга мерка.
Решението од судот е веќе испратено, а откако странките ќе го добијат, Кичеец веднаш ќе биде спроведен од Шутка во куќен притвор.