Тетовец починал во Малта, потребни се пари за транспорт

344

Шеесет и едногодишниот Зоран Велјановски од Тетово починал во Малта каде бил на привремена работа. Тој починал од срцев удар, а сега семејството се соочува со потреба од помош Зоран да биде донесен во Тетово и погребан.

– За пренесување на телото се потребни средства од околу четири илјади евра што нашето семејство ги нема веднаш да ги обезбеди. Апелирам хуманите граѓани доколку се во можност да донираат средства, информира неговата ќерка Маја Исовска.

Трансакциска сметка на Маја Исовска е во Халк банка со бројот 270-7000342500.67.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...