Ако јавите на работа дека се „болни“, откако претходната вечер сте испиле повеќе алкохол и не сте способни да работите, законот, барем во Германија, ќе биде на нивна страна бидејќи судот во оваа земја штотуку пресуди дека мамурлакот е – болест.
Одлуката е донесена откако фирма што произведува пијалаци и прашоци против мамурлак била изведена пред суд и обвинета за изнесување нелегални здравствени тврдења во врска со лековите против мамурлак.
Во пресудата на судот од Франкфурт стои дека фирмите не можат да прeпишуваат никакви својства за спречување или лекување на човечко заболување, ниту да оставаат впечаток за постоењето на такви својства.
Во листата на човечки болести се споменува и мамурлак, истакна судот, објаснувајќи дека болеста се дефинирана како мало или привремено нарушување на нормалната состојба на телото и неговата нормална активност.
Заморот, гадењето и главоболката се симптоми на мамурлакот како болест, а тие обично исчезнуваат за еден ден без медицински третман, соопшти судот.
Оваа одлука наишла на одобрување во германската јавност, бидејќи во Минхен само пред неколку дена започна најпознатиот фестивал на пивото – Октоберфест.