Актерот се испаничил и го напуштил интервјуто поради прашање за филмот „Џокер“ ВИДЕО

Еден час подоцна, откако преговарал со агентот, Феникс се вратил да го заврши интервјуто.

562

Актерот Хоакин Феникс го напуштил интервјуто откако новинарите го прашале дали смета дека неговиот нов филм „Џокер“ би можел да ги инспирира токму оние луѓе за кои станува збор во во филмот, со потенцијално трагични резултати.

Прашањето го изненадило Феникс и тој не знаел што да одговори.

– Зошто? Зошто би? Не, не – промрморел актерот.

Еден час подоцна, откако преговарал со агентот, Феникс се вратил да го заврши интервјуто, правдајќи се дека го фатила паника бидејќи не го очекувал тоа прашање ниту пак, размислувал за таквата ситуација.

Во филмот, Хоакин го игра Артур Флек, осаменик со неуспешна кариера како комичар кој живее со болна мајка. „Холивуд репортер“ пишува дека две сцени се мошне страшни. Во едната Артур Флек убива колега пукајќи му во лице, а во другата неговите следбеници прават нереди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...