Пепелашка со ампутирана рака со моќна порака до најмладите

Таа потоа била замолена од пријател да добие фотографија од неа, која би ја споделил со мало девојче кое има една рака. Менди одлучила да им покаже на овие девојчиња дека и тие може да бидат принцези.

252
ФОТО: Кели Андерсон

На Менди Пурсли ѝ било многу тешко кога не можела да види никој кој изгледа како неа, откако ѝ ја ампутирале раката како дете, пренесува „Метро“.

Таа потоа била замолена од пријател да добие фотографија од неа, која би ја споделил со мало девојче кое има една рака. Менди одлучила да им покаже на овие девојчиња дека и тие може да бидат принцези.

Потоа оваа хероина објавила фотографии од себе во прекрасен фустан како оној на Пепелашка, со стаклена рака. Таа ги направила фотоградиите летово за натпревар во костими, но поради медицински проблем, не можела да се натпреварува, па сакала да ги чува за следната година. Но, кога слушнала дека малото девојче бара некого како неа, Менди посакала да му покаже на светот како таа гледа на бајката.

– Кога ќерка ми учеше за Пепелашка и слични приказни во училиште, сфатив дека иако има многу убави приказни ширум светот, нема ниту една принцеза која личи на мене. Кога растев физички поинаква, не можев да видам девојки како мене во медиумите. Ми требаше долго време да сфатам дека тоа што нѐ прави поинакви може да биде истото што ќе нѐ направи силни, убави и уникатни. Па, што правиш кога не можеш да најдеш принцеза како тебе? Ја правиш ти самата! – вели Менди.

Таа поминала долго време грижејќи се за фотографиите, а потоа побарала помош од артистот Гилберт Лозано за стаклената рака. Со помош на компанија и медицинска клиника, таа најпосле успеала да ја добие посакуваната стаклена рака. Потоа заедно со својот сопруг Рајан позирала за Кели Андерсон.

– Костимот е за сите мали девојчиња кои учат како да се справат со светот. Се надевам дека знаете оти сте убави и дека никој не може да ве запре. Напишете ја вашата приказна и бидете принцеза од посебен вид – рече таа, а нејзината објава беше споделена над 24.000 пати а ја лајкуваа над 32.000 лица.

ФОТО: Кели Андерсон

ФОТО: Кели Андерсон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...