Тешка сообраќајка кај Елбасан: Четири жени од погреб во смрт

1033

Четири лица го загубија животот, а две се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин.

Спорeд полициското соопштение во сообраќајната несреќа учествувале три автомобили.

– Во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Папер, животот го загубија четири жени а двајца мажи се тешко повредени. Жените, кои се на возраст од 30, 55, 60 и 68 години заедно со едно од повредените лица се враќале од погреб. Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина според условите на патот, поради што возилото во кое биле настраданите се излизгало и удрило во еден, па во друг автомобил и излетало од патот – стои во соопштението.

Инаку во две други сообраќајни несреќи денеска животот го загубиле двајца пешаци а повредени се пет лица.

Годишно по патиштата низ Албанија животот го губат во просек по 250 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...