Системот и правната држава не смеат да бидат жртви на политиката, граѓаните гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи донесувањето на Законот за ЈО, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на гостувањето во дебатната емисија Само Вистина на телевизија Канал 5.
– Суштинско за државата и евроинтеграциите е донесувањето на Законот за ЈО. Многу релевантни институции ги поздравија реформите во правосудството и обвинителството. Докази за реформите на полето на правдата се последните случувања и случајот Рекет во кој никој не е заштитен, секој што се огрешил пред Законот ќе одговара – истакна Манчевски.
Манчевски се осврна на 11 годишното владеење кога правдата и одоворноста беа непознати поими додавајќи дека денес системот функционира, а ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа бидејќи нивен приоритет е заштита на тајкуните за време на режимот.
– Европската меѓународна заедница препозна дека Република Северна Македонија е кредибилна земја во која се имплементираат сериозни и реални реформи, затоа ќе станеме 30 -та членка на НАТО и ќе добиеме датум за отпочнување преговори со ЕУ – заклучи Манчевски.