Попладне ќе истури дожд, можен и град

Денеска попладне и утре, под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.

592

Нестабилно со повремени врнежи од дожд, што на места ќе бидат и над 20 литри на квадратен метар, најавуваат метеоролозите за денеска попладне и за утре.

Од УХМР информираат дека денеска попладне и утре, под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), проследени со грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...