И вечерва се протестира во Ѓорче за прегазеното дете

305

Граѓаните на општина Ѓорче Петров и вечерва протестираат откако синоќа беше прегазено десетгодишно дете додека се обидувало да ја премине пешачката патека. Детето беше прегазено од 46 годишен возач на автомобил „Опел Астра“.

Граѓаните бараат да се постават семафори поради брзото возење на улицата „Борис Сарафов“.

Жителите обвинуваат дека ни претходната, ни актуелната власт не го решава проблемот на таа улица. Граѓаните освен поставување на семафори, бараат да се постават и „лежечки полицајци“ на таа улица. Тие најавија дека протестите ќе продолжат, а можно е ѝ да ги радикализираат со бојкот на наставата во основното училиште „Мирче Ацев“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...