Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада сонародникот Душан Лајовиќ со 2:0 во првото коло на Мастерсот во Монте Карло. Тој не го криеше задоволството од победата со која ја прекина низата од три порази.
– Секогаш ми е задоволство да играм тука. Живеам овде и тренирам на овие терени, навистина се чувствувам како дома – истакна најдобриот српски тенисер.
Ѓоковиќ посебно се осврна на тренерот Марјан Вајда со кого работеше за овој турнир.
– Се враќам по еден многу тежок период и исклучително ми е драго што повторно со мене е Марјан Вајда – нагласи тој.
На Ѓоковиќ сега му претстои натпревар против хрватскиот тенисер Борна Чориќ, кој во моментов игра во одлична форма.