Родман: Мадона ми понуди 20 милиони долари за да ѝ направам дете

Ми понуди 20 милиони долари ако забремени, поточно дека ќе ги добијам само ако се роди детето.

890

Поранешниот НБА кошаркар, Денис Родман открил детали од својот однос со мегаѕвездата Мадона во најновото интервју за „Брекфаст клаб.

– Таа ми рече дека ќе ми плати 20 милиони долари ако ѝ направам дете и ако успешно го роди – рекол Родман која во 1994 година бил во врска со славната пејачка.

Родман во моментот е на турнеја на која го промовира својот документарец за ЕСПН, а едно прашање во документарецот било врзано и за неговиот однос со Мадона.

– Таа беше во Њујорк, во својот дом, а во текот на слободните денови од кошарката јас бев во Лас Вегас по цели денови во казината. Мадона ми се јави од Њујорк и ми рече дека „гори“ по мене па веднаш да дојдам кај неа. Реков дека ќе дојдам, таа испрати и авион по мене и јас отидов во Њујорк. Ми понуди 20 милиони долари ако забремени, поточно дека ќе ги добијам само ако се роди детето. Јас го направив тоа што го побара, си ја завршив работата и другиот ден се вратив во Лас Вегас да се коцкам. Но, таа не забремени, па немаше ни 20 милиони долари – раскажал Родман кој се потсетува на една епизода со Мадона и од времето кога беше играч на Сан Антонио.

„Беше тоа последен меч во сезоната. Седеше во прв ред, а потоа на крај ја затекнав како седи пред моето место во соблекувалната. Но, јас не ѝ обрнав внимание. Другите кошаркари беа импресионирани, чекаа ред да се фотографираат со неа“.

Родман смета дека и Лордес Леон, ќерката на Мадона, е родена по сличен финансиски договор на популарната пејачка со Карлос Леон.

Мадона, која во моментов е на светска турнеја, не одговори досега на овие тврдења на Родман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...