Поради “Дигиталниот самит на земјите од западен Балкан“ кој на утре и задутре ќе се одржува во Скопје во хотелот “Александар Палас“ како и во ВИП Арена (сала “Борис Трајковски“), утре од 15 часот до 19 април до15.30 часот СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.
-Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот “Александар Палас“). Посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром – велат од МВР.